• сабота, 25 јануари 2025

Љутков: Сите локални и национални институции треба да подготват сеопфатна анализа која ќе го содржи приоритетниот број на вработени

Љутков: Сите локални и национални институции треба да подготват сеопфатна анализа која ќе го содржи приоритетниот број на вработени

Велес, 24 јануари 2025 (МИА) - Локалната установа Народен Музеј Велес последниве години остана на само пет вработени. Таа е една од 142 културни институции во државата која се соочува со проблеми како што се само петмина вработени и недоволно финансиски средства за извршување на дејноста. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Велес деновиве на новинарско прашање одговори дека решението на проблемот со малиот број на вработени лица го гледа прво во подготвувањето на сеопфатна Анализа, којашто во оваа 2025 година ќе треба да ја подготват сите локални и национални институции.

-Документот треба да ги содржи приоритетниот број на вработени со коишто ќе може да се одржува нормалното функционирање, појасни министерот Љутков.

На новинарското прашање за зголемувањето на надлежностите на Народниот музеј како и дополнителни вработувања, Љутков појасни дека како обврска тоа ќе остане за наредната година. За наредната година ќе остане и прашањето дали велешкиот Народен музеј ќе добие Конзерваторски центар.ад/бт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан