• среда, 25 март 2026

Љутков на министерски форум за туризам во Рим

Љутков на министерски форум за туризам во Рим

Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Рим учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“).

Италијанското Министерство за туризам како иницијатор на форумот, соопшти дека целта е да се вклучи туризмот во пошироката стратегија за зајакнување на присуството на Италија во балканскиот регион и поддршка на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, во соработка со другите земји-членки на ЕУ во регионот. 

Ќе се дебатира за идните перспективи на туристичката соработка меѓу Италија и Балканот, од перспектива на туризмот како алатка за економски и социјален развој и мост за меѓусебно разбирање и мир во регионот, меѓу луѓето и културите.са/

Фото: принтскрин

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан