Љутков: Наследивме култура со долгови, без стратегија и девастирани институции, денес зборуваме за целосно ресетирање и рестартирање
- Денеска не зборуваме за исполнување тековни обрвски или административни извештаи, туку за целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот. Ова е времето на нови пристапи, на стратешки реформски определби, на професионалци и стручни тимови со енергија и желба за просперитет.
Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Денеска не зборуваме за исполнување тековни обрвски или административни извештаи, туку за целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот. Ова е времето на нови пристапи, на стратешки реформски определби, на професионалци и стручни тимови со енергија и желба за просперитет.
Вака министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ја почна прес-конференцијата на која дава отчет за сработеното во изминатата една година.
Како што напомена Љутков, буџетот за културата за 2025 година е зголемен за 55 милиони денари. Со правилно планирање на средствата, видно зголемување на програмите има во драмската програма за околу 40 отсто, за меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра зголемувањето е 30 отсто, за визуелни уметности, архитектура, дизајн, библиотечна и издавачка дејност за 25 отсто, а прв пат се воведени и делегирани буџети во 18 установи.
-Во 2024 година наследивме култура без стратегија, без утврдени приоритети и акциски план, годишна програма со скратени средства, инвестиции сведени на минимум без динамика на рализација и целосно девастирани институции. Наследивме долгови од 273 милиони денари само по основ на плати во националните и локалните установи кои ги оебзбедивме веднаш со ребалансот на Буџетот. Дополнително, обезбедивме и 71 милион денари за програмски активности и преку 78 милиони за проекти за општините. Од денешна перспектива можеме да кажеме дека културата повторно е во фоксуот на јавната сцена и јавниот живот, добива политки кои носат реални резултати, иституциите добија нова енергија, а граѓаните квалитетна богата културна понуда, напоемна министерот.
Информира и дека е реализиран реформски годишен конкурс за поддршка на проектите од национален интерес во културата, како и дека прв пат се донесени посебни акти поврзани со постапката за спроведување на годишните конкурси.
Реконструкција на Аквадуктот во Скопје, спомен-куќата на Лазар Личеноски, Шалтер-салата, Скопското кале, како и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник… се само дел од конкретните капитални проекти од областа на заштитата на културното наследство на кои во моментов активно се работи и за кои се обезбедени потребните средства.
-Капиталните проекти кои со години беа заглавени или оставени на половина пат се одново почнати, а ќе бидат целосно финализирани во периодот што следува. Со тоа, тие ќе станат не само заштитени вредности туку и основа за нов развој на културниот туризам. Меѓу нив се и конзервација и санација на покривот и фасадата на црквата „Св. Кирил и Методиј“– Струмица и Санација на покривот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, како и Спомен домот во Разловци, Трескавец, Лешочки манастир, целосна заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, Универзална сала, Стар театар во Струмица… Посебна гордост е што археологијата конечно доби третман каков што заслужува, преку активни истражувања на клучни локалитети, како Корошишта, Била Зора, Манчевци, Баргала – Штип, Стибера – Прилеп и Тумба Маџари. Ова како што вели, е инвестиција и во науката, но и во националниот идентитет, рече Љутков. мч/са/