Јута постави рекорд во последователни домашни победи
- Тимот на Јута џез постави клупски рекордот по бројот на победи на домашен терен по ред.

Солт Лејк Сити, 3 април 2021 (МИА) – Тимот на Јута џез постави клупски рекордот по бројот на победи на домашен терен по ред.
Победата над Чикаго (113:106) остварена ноќеска во Солт Лејк Сити е 21. по ред за „џезерите“ во нивната арена. Оваа бројка е рекорд во историјата на клубот.
Јута се најде на првото место на табелата во Западната конференција од НБА –лигата со 37 победи и 11 порази. зс/