• среда, 04 декември 2024

Јун прогласи вонредна состојба во Јужна Кореја

Јун прогласи вонредна состојба во Јужна Кореја

Сеул, 3 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска прогласи вонредна состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.

Северна Кореја минатиот месец ги прекина електричните водови инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и дигна во воздух делови од патишта што ја поврзуваат со Јужна Кореја, северно од воената демаркациска линија.

Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Џеонги и Донге, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан