Јулија Навални ги отфрли тврдењата дека причина за смртта на Алексеј Навални е комбинација од повеќе болести
- Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија ги отфрли и ги нарече „бесмислени“ наодите на истражителите во кои е наведено дека причината за неговата смрт е комбинација од повеќе болести што ги имал.

Лондон, 15 август 2024 (МИА) - Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија ги отфрли и ги нарече „бесмислени“ наодите на истражителите во кои е наведено дека причината за неговата смрт е комбинација од повеќе болести што ги имал.
Таа денеска истакна дека ќе побара кривична истрага за смртта на нејзиниот сопруг, која таа ја смета за убиство, и рече дека тимот на Навални ќе продолжи да води сопствена истрага.
Навални (47) ненадејно почина на 16 февруари во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен и дека зад сето тоа стои рускиот претседател Владимир Путин. рп/
Фото: МИА архива