• петок, 22 ноември 2024

Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј

Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј

Стразбур, 28 февруари 2024 (МИА) - Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз.

Таа ја повика ЕУ да работи со десетиците милиони Руси кои се против војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин.

-Ако сакате да го победите Путин, треба да бидете инвентивни, а не досадни. Путин нема да биде засегнат од резолуциите и санкциите, инсистираше Навална. Според неа, „не се потребни дипломатски ноти, туку истраги за парите на мафијата“.

-Во негова личност не си имате работа со политичар, туку со „крваво чудовиште“, со шеф на организирана криминална група трујачи и убијци и чувари на мафијашки пари. Путин е способен за се и со него не може да се преговара. Според многумина, Путин е непобедлив, но тој мора да одговара за она што и го направи на мојата земја и нејзините мирни соседи, како и за сето она што му го направи на Алексеј. Сè уште не сум сигурна дали погребот на Алексеј ќе биде мирен или полицијата ќе ги приведе оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг. Путин го уби мојот сопруг, по негова наредба Алексеј беше мачен три години, истакна Навална.

Според неа, „мерките против Путин досега не помогнаа“.

-Сите се навикнаа на војна. Луѓето мислат дека на крајот ќе треба да се постигне договор со Путин, рече Навална и изрази верба дека надежите на Алексеј Навални за демократска Русија ќе се остварат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан