• недела, 24 ноември 2024

Јужнокорејските олимпијци ќе тренираат во воен камп

Јужнокорејските олимпијци ќе тренираат во воен камп

 Сеул, 7 декември 2023 (МИА) – Олимпискиот комитет на Јужна Кореја иницираше испраќање на стотина спортисти во воениот центар за обука во пристанишниот град Поханг со цел што подобро да се подготват на психички план за Олимписките игри 2024 во Париз.

Околу 320 спортисти, вклучувајќи и жени, се очекува да минат тридневна обука во воениот камп на националната морнарица во Поханг, соопшти денеска јужнокорејскиот Олимписки комитет.

Спортските федерации и претходно бараа од своите спортисти да минат обука во морнаричкиот камп пред големите спортски натпреварувања, но ова е прв пат тоа да го препорача и Олимпискиот комитет на оваа азиска земја.

Идејата беше иницирана по Азиските игри во октомври, кога Јужна Кореја беше третопласирана во генералниот пласман според освоени медали, зад Кина и Јапонија.

На социјалните мрежи и порталите во Јужна Кореја оваа идеја наиде на критики и потсмев. ег/
ФОТО: Икс

Остани поврзан