• петок, 22 ноември 2024

Јужнокорејските обвинители ја конфискуваа куќата на поранешната претседателка Парк

Јужнокорејските обвинители ја конфискуваа куќата на поранешната претседателка Парк
Сеул, 23 март 2021 (МИА) - Обвинителелството во Јужна Кореја ја конфискуваше куќата на поранешната претседателка Парк Геун Хје и ќе ја продаде на аукција, поради тоа што не ја платила казната од 19 милиони долари изречена за корупција. Пак беше сменета од функцијата во 2017 година по антикорупциските протести. На почетокот на оваа година, Врховниот суд на Република Кореја ја потврди казната за поранешната претседателка, со која се бара да помине 20 години во затвор под обвинение за корупција и злоупотреба на моќта.

- Парк Геун Хје не ја плати казната од 21,5 милијарди вони, поради што властите и го конфискуваа домот, изјави портпарол на Окружното обвинителство во Сеул.

Двокатната куќа на Парк се наоѓа во богато маало во јужен Сеул и се проценува на 2,8 милијарди вони.

Сите четворица живи поранешни јужнокорејски претседатели се осудени за злосторства, откако нивните политички ривали се преселија во претседателската Сина куќа. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан