• петок, 20 февруари 2026

Повредено едно лице во престрелка во близина на американско-мексиканската граница

Повредено едно лице во престрелка во близина на американско-мексиканската граница

Вашингтон, 28 јануари 2026 (МИА) - Едно лице е повредно во престрелка со припадници на граничната патрола во близина на американско-мексиканската граница. Повредениот е во критична состојба, соопштија властите на американската сојузна држава Аризона.

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека го испитува наводниот напад врз федерален полицаец во близина на градот Аривака, лоциран 16-ина километри од границата со Мексико. Областа е вообичаена рута за шверцери на дрога и мигранти, кои нелегално ја преминуваат границата.

Противпожарната служба на Санта Рита соопшти дека одговорила на повикот дека има престрелка. Повреденото лице е приведено, а поради добиените повреди, со хеликоптер е префрлено во регионалниот здравствен центар.

Во престрелката учествуваа агент на граничната патрола и осомничениот.

Вооружениот инцидент се случи во време кога агенти на федералната Служба за имиграција и царина (ИЦЕ), вклучени во голема операција за сузбивање на нелегалната имиграција во државата Минесота, убија две лица, американски државјани, што предизвика масовни протести во САД. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан