• петок, 05 декември 2025

Јужнокорејската и американската армија ги започнаа своите годишни летни воени вежби

Јужнокорејската и американската армија ги започнаа своите годишни летни воени вежби

Сеул, 18 август 2025 (МИА) - Јужна Кореја и САД денеска ја започнаа својата годишна заедничка воена вежба од големи размери, насочена кон зголемување на обуката за справување со заканите од нуклеарно вооружената на Северна Кореја, која предупреди дека вежбите ќе ги продлабочат регионалните тензии и дека ќе одговори на „секоја провокација“ против нејзината територија,јавија американските медиуми.

На вежбата која ќе трае 11 дена  учестуваат 21.000 војници, од кои 18.000 се од Јужна Кореја, а ќе се состои од компјутерски симулирани операции на команден пункт и теренска обука.

Воените вежби, опишани од сојузниците како одбранбени, би можеле да предизвикаат одговор од Северна Кореја, која долго време ги прикажува сојузничките вежби како проби за инвазија и честопати ги користи како изговор за воени демонстрации и тестови на оружје насочени кон унапредување на својата нуклеарна програма.

Севернокорејскиот министер за одбрана Нох Кванг Чол минатата недела изјави дека вежбите го покажуваат ставот на сојузниците за „воена конфронтација“ со Северна Кореја и дека нејзините сили ќе бидат подготвени да се спротивстават на „секоја провокација што ја преминува граничната линија“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан