• четврток, 26 декември 2024

Јужноафрикански сој на коронавирусот сè уште не е детектиран во земјава

Јужноафрикански сој на коронавирусот сè уште не е детектиран во земјава
Скопје, 28 февруари 2021 (МИА) - Јужноафриканскиот сој на коронавирусот кај нас сè уште не е детектиран, а околу седумдесет проценти, според лабораторијата на болницата „Жан Митрев“, а оваа недела ги очекуваме и резултатите од лабораторијата во МАНУ, се од британскиот сој, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Министерот во изјава за Канал 5 зборувајќи за зголемениот број заболени со Ковид-19 рече дека имајќи предвид дека британскиот сој на коронавирусот многу побрзо се шири, веројатно и убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки. - Се случува нешто и во околните земји што се случува Албанија, Србија. Имаме зголемен број пациенти посебно во некои градови. Навистина се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти во болниците во Кавадарци и Прилеп, тука некаде беше со истата динамика и приемот на пациенти во болницата во Охрид. Во другите градови ситуацијата е прилично мирна и стабилна, рече Филипче. Во овој момент, нагласи тој, имаме сосема доволен број болнички капацитети, а веќе се на располагање и ковид центрите. Мминистер за здравство Филипче рече дека засега нема да има нови рестрикции. - Засега не. Ситуацијата е таква да немаме онаков нагол раст на кривата како што имаше во ноември и сметаме дека засега мерките се добри. Училиштата со овој режим на работа, ограничената бројка на деца во градинките. Така што ја следиме ситуацијата динамично. Имаме пораст посебно во некои градови на факторот на преносливост, но засега остануваме со истите превентивни мерки, потенцира Филипче. ев/са/

Остани поврзан