• петок, 22 ноември 2024

Јужна Кореја повикува на силна безбедносна соработка со САД и Јапонија

Јужна Кореја повикува на силна безбедносна соработка со САД и Јапонија

Сеул, 15 август 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул денеска се заложи за зајакнување на безбедносната соработка со САД и Јапонија заради соочување со севернокорејската нуклеарна закана. 

Тој порача дека претстојниот самит со лидерите на САД и Јапонија во Кемп Дејвид „ќе постави нова пресвртница во трилатералната соработка“.

Тоа ќе биде првпат лидерите на трите земји да се соберат специјално на трилатерален самит, а не на маргини на меѓународните состаноци. Тоа покажува дека тие се сериозни во врска со зајакнувањето на нивните врски во услови на регионални предизвици како што се нуклеарниот арсенал на Северна Кореја и ривалството на Вашингтон со Пекинг.

Самитот „ќе постави нова пресвртница во трилатералната соработка што ќе придонесе за мирот и просперитетот на Корејскиот Полуостров и на индо-пацифичкиот регион“, рече Јун во денешното телевизиско обраќање.

Јун истакна дека седумте бази кои Јапонија и ги обезбеди на командата на ОН предводена од САД служат како „најголем фактор на одвраќање“ што ја спречува Северна Кореја да ја нападне Јужна Кореја. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан