• понеделник, 23 декември 2024

Југословенскиот брод „Галеб“ оди на реставрација

Југословенскиот брод „Галеб“ оди на реставрација
Ријека, 23 јули 2020 (МИА) - Бродот за морнаричка обука „Галеб“ од времето на поранешниот „доживотен претседател“ на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, вчера пристигна од хрватското бродоградилиште Далмонт во Краљевица, до бродоградилиштето „Виктор Ленац“. Причината е чистење и обнова на пловилото, коешто ќе трае околу еден месец. Се работи за целосна санација, реставрација и пренамена. Покрај миењето и отстранувањето на бигорот во бродот, ќе бидат заменети челичните плочи на подводниот и површинскиот дел од надворешниот дел од трупот, демонтирање на сидрото, заштита од корозија, како и некои други неопходни работи. По враќањето во Далмонт, „Галеб“ се претвора во музеј. Зафатот е дел од проектот Туристичка валоризација на репрезентативни споменици на индустриското наследство на Ријека. За тоа Градот Ријека доби 68,9 милиони куни (нешто помалку од 9,2 милиона евра), од Европскиот фонд за регионален развој во рамките на Оперативната програма за конкурентност и кохезија.  си/

Остани поврзан