• недела, 22 декември 2024

Јувентус се раздели со Рабио

Јувентус се раздели со Рабио

Торино, 18 јули 2024 (МИА) - Јувентус најави заминување на францускиот играч за врска, Адриен Рабио од клубот поради истекот на неговиот договор.

Рабио игра за италијанскиот клуб од 2019 година. За тоа време, фудбалерот стана шампион на Италија и двократен освојувач на Купот на земјата.

Минатата сезона, 29-годишниот Рабио одигра 31 натпревар за „старата дама“ во италијанскиот шампионат, постигнувајќи 5 гола и 3 асистенции.

На крајот од сезоната 2023/24, Јувентус заврши на третото место во Серија „А“ и се пласираше во Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан