• петок, 05 декември 2025

Јувентус сака да го ангажира Осимен во летниот трансфер рок

Јувентус сака да го ангажира Осимен во летниот трансфер рок

Торино, 5 април 2025 (МИА) - Јувентус сака на лето да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој е на позајмица во Галатасарај.

Според „TEAMtalk“, претставници на италијанскиот клуб вложуваат максимални напори да го реализираат летниот трансфер на 26-годишниот играч. 

За напаѓачот заинтересиран е и Манчестер јунајтед.

Самиот Осимен наводно преферира преселба во клубот од Премиер лигата ова лето, но Јувентус сака да ги искористи блиските врски со агентот на играчот за да ги зголеми шансите за негов потпис.

Нигериецот се пресели во Галатасарај на позајмица во летото 2024. На 32 натпревари за турскиот клуб, Осимен постигна 28 гола и пет асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан