• петок, 22 ноември 2024

Јувентус не се откажува: Двајца играчи плус готовина за Погба

Јувентус не се откажува: Двајца играчи плус готовина за Погба
Торино, 11 мај 2020 (МИА) - Во никој случај „старата дама“ не се откажува од поранешниот ас. Јувентус и понатаму сака да го врати Пол Погба, па се појавија вести за плановите за реализација на оваа намера. Италијанскиот шампион понудил двајца свои играчи во понудата кон Манчестер Јунајтед, а подготвени се да доплати дел од парите. Познато е дека клубот од „Олд Трафорд“ сè уште бара 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред, а за да ја намали цената, Јуве им ги понудил на Јунајтед Адриен Рабио и Арон Ремзи. Тренерот Маурисио Сари не смета на нив, но се проценува дека Оле Гунар Солскјер би знаел како да ги користи во неговиот тим. И покрај оваа понуда и фактот дека иднината на Погба е постојано поврзана со гласините дека тој ќе ја напушти Премиер лигата, за него е реална опција да остане во Јунајтед, со кого има договор до 2021 година и годишна плата од 17 милиони евра. Времето е такво што малкумина се заинтересирани да издвојат 150 милиони евра за него сега.

Тагови

Остани поврзан