Јувентус му нуди на Кедира три милиони евра за прекин на договорот, Германецот бара двојно повеќе
- Јувентус не може да се договори со играчот за врска Сами Кедира да го раскине договорот, којшто е со важност до јуни 2021 година.

Торино, 29 септември 2020 (МИА) - Јувентус не може да се договори со играчот за врска Сами Кедира да го раскине договорот, којшто е со важност до јуни 2021 година.
Триесет и тригодишниот Германец сака да добие обесштетување во висина од шест милиони евра, пренесува „Фудбал Италија“.
Од друга страна, клубот му нуди околу 3 милиони, објави новинарот Николо Скира.
Претходно се дозна дека за Кедира е заинтересиран ПСЖ. зс/