• петок, 05 декември 2025

Јувентус избегна пораз во натпреварот со Борусија со два постигнати гола во продолжението

Јувентус избегна пораз во натпреварот со Борусија со два постигнати гола во продолжението

Торино, 17 септември 2025 (МИА) - Јувентус синоќа ремизираше 4:4 дома со Борусија Дортмунд во првото коло на Лигата на шампионите.

Душан Влаховиќ постигна два гола за домаќините, Кенан Јилдиз и Лојд Кели постигнаа по еден. Карим Адејеми, Феликс Нмеча, Јан Куто и Рами Бенсебаини постигнаа голови за гостите.

Во 86-тата минута, Јувентус губеше со 2:4, но головите на Душан Влаховиќ во 90+4-тата минута и Лојд Кели во 90+6-тата минута го спасија тимот од Торино од пораз.

Во второто коло од елитното фудбалско натпреварување Јувентус ќе игра на гостински терен против Виљареал, а Борусија ќе биде домаќин на Атлетик Билбао. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан