Јувентус е подготвен да го вклучи Гати во понудата за Осимен
- Јувентус изгледа е подготвен на се за да ги осигура услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Не е тајна дека Нигериецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето и се чини дека се подготвени да направат што е потребно за да го доведат во своите редови, тврди „Тутоспорт“.

Торино, 23 март 2025 (МИА) - Јувентус изгледа е подготвен на се за да ги осигура услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Не е тајна дека Нигериецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето и се чини дека се подготвени да направат што е потребно за да го доведат во своите редови, тврди „Тутоспорт“.
Не е тајна дека Наполи нема лесно да се раздели со овој играч, особено кога е во прашање неговата преселба во директен конкурент од Серија „А“. Во договорот на Осимен има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, но Јуве се надева дека некако ќе ја намали и за таа цел е подготвен како дел од зделката да го вклучи и дефанзивецот Федерико Гати.
Сличен предлог може да ги заинтригира и челниците на „Диего Марадона“. На тренерот Антонио Конте многу му се допаѓаат квалитетите на Гати и со задоволство би го имал на располагање. Згора на тоа, Наполи оваа сезона имаше некои проблеми во центарот на одбраната.
Инаку, се тврди дека желбата на Осимен е да се пресели во Јувентус и брзо ќе се договори со „бјанконерите“ околу условите од неговиот договор. Нигериецот, кој летото беше позајмен во Галатасарај, продолжува да ги покажува своите неверојатни голгетерски инстинкти, постигнувајќи импресивни 20 гола на 22 натпревари во турската лига оваа сезона. дс
Фото: Архива