• четврток, 26 декември 2024

Јувентус еден месец без повредениот Локатели

Јувентус еден месец без повредениот Локатели
Торино, 4 април 2022 (МИА) – Напаѓачот Мануел Локатели ќе отсуствува од теренот еден месец поради повреда на коленото, соопшти денеска клубот од Торино. Локатели се повреди на вчерашното дерби против Интер, во кое актуелниот шампион триумфираше над Јувентус со 1-0. Јувентус соопшти дека лекарските прегледи потврдиле повреда на лигаментите на десното колено и оти времето за рехабилитација се проценува на околу четири недели. Локатели би требало да се врати во составот за последните три натпревари на Јувентус во Серија А, како и за финалето во Купот на Италија, доколку „старата дама“ претходно во полуфиналето ја елиминира Фиорентина. ег/паг/

Остани поврзан