• петок, 05 декември 2025

Јувентус го победи Интер во натпревар со седум гола

Јувентус го победи Интер во натпревар со седум гола

Торино, 13 септември 2025 (МИА) - Јувентус вечерва го победи Интер со 4:3 на домашен терен во третото коло од Серија А.

Головите за домаќините ги постигнаа Лојд Кели, Кенан Јилдиз, Кефрен Турам и Василије Аџиќ, кој постигна гол во продолжението.

Стрелци за гостите беа Хакан Чалханоглу (два) и Маркус Турам.

Јувентус го доби својот трет натпревар по ред и е на чело на табелата во Серија А со 9 бода. Интер загуби два од три натпревари и има три бода на 11. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан