• понеделник, 23 декември 2024

Јубилејно издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“

Јубилејно издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“

Битола, 1 октомври 2023 (МИА) - Во битолското село Буково се одржа петото издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“ на која со свои производи се претставија производители на буковска пипер, паста делиција, мед и други домашни специјалитети.

На саемот за традиционалната храна и производи, се одржа и едукативна работилница за деца, менторирана од Јасна Ѓоргиевска, а над 200 посетители беа послужени со пиперки со нане и лук, пиперки со праз и ориз, леб од фурна.

Манифестацијата „Вкусот на Буково“ се одржа со финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. мт/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан