• четврток, 04 декември 2025

Јубилејно десетто издание на манифестацијата „Брвеница игра и пее“

Јубилејно десетто издание на манифестацијата „Брвеница игра и пее“

Тетово, 24 мај 2025 (МИА) – Во тетовска Брвеница по десетти јубилеен пат денеска ќе биде одржана културно-забавната манифестација „Брвеница играа и пее“ во организација на Културно-уметничко друштво „Брвеница. Попладне во 15:00 часот манифестацијата ќе почне со дефиле на шесте културно уметнички друштва низ Брвеница. 

- Настапот на културно уметничките друштва и вокали изведувачи ќе се одржи во потоа во 16 часот часот пред ОУ „Коста Рацин“. Доколку временските услови не дозволуваат концертот ќе се реализира во спортската сала на училиштето. Ги повикуваме и покануваме сите пријатели и љубители на фолклорот да присуствуваат да уживаат и да ги поддржат младите играорци, соопшти Маријана Алексоска Младеноски, претседателка на КУД „Брвеница.

На манифестацијата покрај домаќините, ќе настапат КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Ефрем Каранов“ – Кратово, ЗФГ „Копачка“ – с. Драмче Делчево, КУД „Охриѓанка“ – Охрид и КУД „Брвеница“ – Рашка, Србија.ас/

Фото: КУД Брвеница 

Остани поврзан