• петок, 22 ноември 2024

Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен повторно во „Војна на ѕвездите“

Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен повторно во „Војна на ѕвездите“
Лос Анџелес, 30 март 2021 (МИА) - Откако беше потврдено уште во декември лани, дека Хајден Кристенсен се враќа во улогата на Дарт Вејдер, „Дизни“ и „Лукасфилм“ сега ја соопштија цела постава за претстојната серија „Оби-Ван Кеноби“ наменета за стрим-платформата „Дизни плус“. Заедно со Јуан Мекгрегор како џедај и Кристијансен, во претстојната минисерија ќе глумаат и Џоел Еџертон, Кумаил Нанџиани, О'Шеј Џексон Џуниор, Бони Пиеси, Моузес Инграм, Индира Варма, Руперт Френд, Сунг Канг, Симоун Кесел и Бени Сафди. Покрај откривањето на целата екипа, Дизни потврди и дека снимањето ќе почне во април, а серијата треба да се прикажува на малите екрани на почетокот на 2022 година. Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен глумеа и во втората долгометражна трилогија на „Војна на ѕвездите“ од пред 20-на години. Патем, серијата „Оби-Ван Кеноби“ е само еден од повеќето проекти од приказната за „Војна на ѕвездите“ на коишто работат „Дизни“ и „Лукасфилм“. „Дизни плус“ веќе ги најави и „Лошите примери“ и „Книгата за Боба Фет“, како и третата сезона на „Мандалориецот“ и сѐ уште ненасловен филм, во режија на Таика Вајтити. си/

Остани поврзан