• петок, 05 декември 2025

Нова веб-страница на ЈСП

Нова веб-страница на ЈСП

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - ЈСП Скопје од денеска има нова веб-страница, која е достапна на адресата https://skopjebus.mk/.

- Новиот веб-сајт има за цел да им овозможи на граѓаните подобра и поефикасна информираност за услугите на Јавното сообраќајно претпријатие. Клучни предности на новиот веб-сајт: модерен, адаптивен дизајн, интуитивна навигација, пристап до клучни информации, оодобрени перформанси и брзина и кориснички ориентирана содржина, се вели во соопштението од ЈСП Скопје. 

Веб-сајтот е достапен на македонски, албански и англиски јазик и овозможува инклузивен пристап и подобра информираност за сите граѓани и гости на градот. мд/бак/

Фото: ЈСП Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан