ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
- ЈСП - Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд (06.06.2025 година - 08.06.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред.
Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - ЈСП - Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред.
Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. мч/дма/
фото: МИА архива