• недела, 22 декември 2024

ЈП Стрежево ги активира сите цевководи за водокорисниците

ЈП Стрежево ги активира сите цевководи за водокорисниците

Битола, 26 јули 2023 (МИА) - ЈП Стрежево-Битола ги активира сите 10 цевководи и испорачува по 1000 литри вода во секунда за сите водокорисници, соопштија од тамошното јавно претпријатие.

Според генералниот директор Методија Граматковски, за жедното Битолско Поле по Главниот канал се испорачуваат и до 9 метри кубни вода.

-Во последниве недели по Главниот канал на хидросистемот Стрежево за водокорисниците се испорачува околу 9 метри кубни вода. Сите 10 главни цевководи се под притисок и на некои од  нив се испорачува  вода и по 1000литри во секунда. Мора да напоменеме дека само за 20 дена во јули потрошени се околу 10 милиони метри кубни вода, но за жал заради големата суша земјоделците истовремено ги наводнуваат своите култури па така кај последните цевководи кај некои делнични цевководи во населените места се појавува и недостаток на вода. Апелираме за рационално и планско користење на водатата за наводнување се со цел да се задоволат потребите и на земјоделците и од поодалечените и повисоките места од хидросистемот, посочи Граматковски.

Од ЈП Стрежево-Битола апелираат самоиницијативно да не се користи хидромеханичката опрема за да не настанат непосакувани дефекти на опремата и цевководната мрежа.

-Вода има доволно во акумулацијата за сите водокорисници но потребно е штедење. Во моментов акумулацијата е полна и има капацитет од 92 милиони метри кубни, нагласи Граматковски.

ЈП Стрежево во овој момент ги вклучи четирите прибрански хидроцентрали од кои произведуват струја а потоа истата вода ја испорачуваат до водокорисниците, потврдија од претпријатието. мт/дма/

Фото: ЈП Стрежево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан