ЈП „Лајка“: Со проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство" до подобра средина за бездомните кучиња
- СООПШТЕНИЕ: Изминатиот викенд во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство" под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје преку кој се обезбеди боја и сите потребни материјали за работа, заедно со повеќе од 60 волонтери успеавме да искречиме повеќе од 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња, 40 врати и ги обновивме реквизитите за игра во парковите во ЈП Лајка - нешта што беа повеќе од потребни за пред се да се дезинфицира прифатилиштето и да изгледа подобредојдено за секој што сака да не посети и да вдоми куче.

Скопје, 17 јуни 2024
Изминатиот викенд во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство" под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје преку кој се обезбеди боја и сите потребни материјали за работа, заедно со повеќе од 60 волонтери успеавме да искречиме повеќе од 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња, 40 врати и ги обновивме реквизитите за игра во парковите во ЈП Лајка - нешта што беа повеќе од потребни за пред се да се дезинфицира прифатилиштето и да изгледа подобредојдено за секој што сака да не посети и да вдоми куче.
Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе и деца, од сите возрасти кои со нивната посветеност и труд беа навистина инспиративни и без нив немаше да успееме да направиме подобра средина за бездомните кучиња.
Овој ден ке остане засекогаш исцртан на ѕидовите на ЈП Лајка преку муралот и пораките на нашите познати уметници Драш и Мачка кои работеа заедно со нас да ја обоиме Лајка и да го разубавиме светот на кучињата.
ЈП „Лајка“ - Скопје
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: ЈП „Лајка“ - Скопје