• недела, 22 декември 2024

ЈП „Комунална хигиена“: Расчистени обемни депонии во општините Чаир, Центар и Бутел

ЈП „Комунална хигиена“: Расчистени обемни депонии во општините  Чаир, Центар и Бутел

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Екипи на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел, информираат од ова јавно претпријатие.

- Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец, во општината Центар, соопштуваат од  ЈП „Комунална хигиена-Скопје“.

Од јавното претпријатие посочуваат дека, во рамките на третата смена, била расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово. ир/цр/

 

Фото:  ЈП „Комунална хигиена-Скопје“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан