ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
- Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
Оттаму наведуваат дека енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.
-ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода, да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; - kontakt@vodovod-skopje.com.mk - www.vodovod-skopje.com.mk, стои во соопштението. свс/вг/
Фото: МИА архива