• недела, 22 декември 2024

Јоурова: Кина е партнер, конкурент, системски ривал на ЕУ

Јоурова: Кина е партнер, конкурент, системски ривал на ЕУ

Пекинг, 19 септември 2023 (МИА) - Кина е партнер, конкурент и системски ривал на ЕУ, изјави на прес-конференција во Пекинг потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.

Таа додаде дека во дигиталната сфера, системското ривалство е најистакнато од сите три споменати улоги.

Според неа, важно е Брисел и Пекинг да продолжат да имаат отворени канали за комуникација на различни нивоа во областите каде што не се согласуваат.

Јоурова изјавата ја даде по копретседавањето со дигиталниот дијалог на високо ниво ЕУ-Кина, прв во изминатите три години. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан