• недела, 22 декември 2024

Јордан прогласи вонредна состојба поради иранскиот напад врз Израел

Јордан прогласи вонредна состојба поради иранскиот напад врз Израел

Аман, 13 април 2024 (МИА) – Јордан прогласи вонредна состојба поради стравувањата од ирански напад врз Израел, јави државната агенција Ал Мамлака.

Претходно оваа вечер, Јордан објави дека привремено го затвора својот воздушен простор за сите авиони кои доаѓаат, заминуваат и транзитираат, велејќи дека ситуацијата „континуирано ќе се ажурира и прегледува во согласност со развојот на настаните“.

Мешањето во јорданскиот воздушен сообраќај влијаеше на системот ЏПС на Јордан, што ги натера авионите во областа да користат алтернативни системи за навигација, изјави за Ал-Мамлака Хајтам Мисто, претседател на Регулаторната комисија за цивилно воздухопловство на Јордан, за Ал-Мамлака.

Јорданската воздушна одбрана претходно соопшти дека е подготвена да пресретне и собори какви било ирански дронови или авиони што ќе го нарушат нејзиниот воздушен простор.

Според извори, армијата е исто така во состојба на зголемена тревога и радарските системи ја следат активноста на дроновите. јт/

Остани поврзан