• петок, 05 декември 2025

Јорданскиот крал Абдула Втори и Антониот Кошта ќе присуствуваат на самитот во Шарм Ел-Шеик

Јорданскиот крал Абдула Втори и Антониот Кошта ќе присуствуваат на самитот во Шарм Ел-Шеик

Каиро, 12 октомври 2025 (МИА) – Јорданскиот крал Абдула Втори и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе присуствуваат на утрешниот меѓународен мировен самит за Газа во Египет.

- Јордан ќе учествува на мировниот самит во Шарм ел-Шеик, закажан за понеделник, со ќе копретседаваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Доналд Трамп, со учество на лидери од повеќе од 20 земји, објавено е на веб-страницата на јорданската државна телевизија Ал-Мамлака, повикувајќи се на официјален јордански извор.

Кошта ќе ја претставува Европската унија на самитот за Газа в понеделник, изјави портпарол, додавајќи дека неколку земји-членки на ЕУ исто така ќе испратат свои лидери.

Планот за мир на Блискиот Исток „нуди реална можност да се изгради праведен и одржлив мир, а ЕУ е целосно посветена на поддршка на овие напори и придонес во нивната реализација“, изјави портпаролот.

Состанокот во одморалиштето на Црвеното Море е со цел „да се стави крај на војната во Појасот Газа, да се зајакнат напорите за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток и да се отвори нова ера на регионална безбедност и стабилност“, се наведува во соопштението на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

Францускиот претседател Емануел Макрон е меѓу бројните европски и арапски лидери кои се очекува да присуствуваат на самитот.

Британскиот премиер Кир Стармер исто така ќе отпатува во Шарм ел-Шеик.

Ал-Сиси исто така го покани германскиот канцелар Фридрих Мерц да присуствува на церемонијата на потпишување на договорот за Газа.

Според извештаи, ниту Израел ниту Хамас нема да присуствуваат. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан