• петок, 03 април 2026

Јорданов од штипјани доби втор градоначалнички мандат, победата се прослави на Градскиот плоштад „Слобода“  

Јорданов од штипјани доби втор градоначалнички мандат, победата се прослави на Градскиот плоштад „Слобода“  

Штип, 19 октомври 2025 (МИА) - Иван Јорданов е старо-новиот градоначалник на Општина Штип. Вечерва само по час и половина од затварањето на 80.Избирачките места прогласи победа и со членовите, симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и граѓаните на Штип славеше на Градскиот плоштад „Слобода“. Јорданов се заблагодари на граѓаните на Штип, кои мирно, достоинствено и на демократски начин го дадоа својот глас на осмите по ред Локални избори.

-Морам да истакнам дека огромната поддршка која ја добивме со некаде од околу 80% од гласачите кои излегоа на овие избори е една огромна одговорност, но исто така и легитимитет за сите проекти, коишто ги работиме во овој момент и за продолжување на развојот на нашиот град. Согласно добиените резултати од Избирачките места верувајте поддршката е огромна и верувам дека тој сооднос ќе се движи некаде 5:1 или 6:1 до крајот на броењето на овие избирачки места. Така да легитиметот и одговорноста е огромна, вели Јорданов.

Инаку, Иван Јорданов е и првиот градоначалник, кој од граѓаните на Штип доби втор мандат. Во Штип денеска гласаа над 51% од вкупниот број на избирачи. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан