• четврток, 26 март 2026

Јорданов: Изградбата на булеварот Партизанска е клучна, го поврзува Штип со Карбинци

Јорданов: Изградбата на булеварот Партизанска е клучна, го поврзува Штип со Карбинци

Скопје, 23 август 2025

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Јорданов го истакна еден од најкрупните проекти во општина Штип, односно изградбата на булеварот Партизанска кој поврзува две општини и тоа општина Штип со општина Карбинци. 

„Булеварот Партизанска еден крупен капитален проект кој во минатото секогаш се комуницирал како потреба на жителите на Штип, поврзувајќи две општини тоа е општина Штип со општина Карбинци, кој веќе кон крајот на месец септември ќе биде комплетно завршен“, рече Јорданов. 

Градоначалникот исто така истакна дека општина Штип работи за потребите на граѓаните, каде што се гледа значајно напредување во секој сегмент и секоја област. 

„Во однос на другите проекти обиколницата е исто така еден крупен капитален проект во завршна фаза, комплет нова сообрќајница која ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж, и поврзување на два дела од градот. Во изминатите четири години работевме да бидеме слуга и сервис на граѓаните но и на потенцијалните инвеститори преку коишто се зголеми Буџетот на општина Штип, во секој сегмент во секоја област има одредени промени, има раздвижување, она коешто го заокруживме изминативе години ќе продолжиме и понатаму да го надоградуваме овој пат многу поискусни, најголем дел од проектите коишто се во завршна фаза ќе ги завршиме, ќе ги ставиме во употреба и ќе испланираме нови проекти“, дециден е Јорданов.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан