• понеделник, 23 декември 2024

Јорданов: "Имa тaков нaрoд" нема да прави коалиција со партиите за статус кво

Јорданов:
Софија, 4 април 2021 (МИА) - Заменик претседателот на, од вечерва, втората политичка сила во Бугарија, „Постои таков народ“, Ташко Јорданов, по завршувањето на денешните парламентарни избори во земјата изјави дека луѓето на побараа промени, затоа што досегашното статус кво натаму не ќе може веќе да опстојува, јавува дописникот на МИА од Софија. Јорданов кажа дека нивната партија ќе го исполни ветувањето дека нема да се коалицира за статус кво. -Ние нема да коалицираме со ГЕРБ, БСП, Движењето за права и слободи и оние на војводата шкембар. Ние, за разлика од нив, не лажеме, рече Јорданов во коментар за телевиизјата 7/8 на Слави Трифонов. Јорданов дури рече дека ако се постигне нов избор на влада, тогаш ќе следат нови избори во Бугарија. нк/сд/

Остани поврзан