Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за настап во февруарскиот „прозорец“
- Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, прв од квалификациите за Евробаскет 2025.
Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, прв од квалификациите за Евробаскет 2025.
На списокот на Јончевски се наоѓаат:
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Маслинко – Пелистер
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – Капакли Спор, Турција
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Виктор Ефремовски – Работнички
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ – Работнички
Резард Мемед – КБ Или, Косово
Амар Хот – Пелистер
Андреј Шошкиќ – Работнички
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ташовски – ТФТ
Ти Џеј Шортс – Париз, Франција
Итан Хап – Гран Канарија - Шпанија.
Во првиот „позорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2025, македонската репрезентација ќе се соочи со Естонија на 23 февруари во Скопје и со Полска на гости три дена подоцна. зс/
Фото: КФСМ