• понеделник, 08 декември 2025

Јокиќ трет играч во историјата на НБА со три последователни три трипл-дабл на почетокот на сезоната

Јокиќ трет играч во историјата на НБА со три последователни три трипл-дабл на почетокот на сезоната

Денвер, 28 октомври 2025 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал три трипл-дабл по ред на почетокот на сезона.

Претходно ваков подвиг направиле само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

Во победата од 127:114 над Минесота ноќеска на гостински терен, Јокиќ за 36 минути поминати на теренот, постигна 25 поени, 19 скока и 10 асистенции. 

Денвер ја оствари втората победа во третиот натпревар се наоѓа на 3. место на табелата во Западната конференција. Минесота загуби два од своите четири натпревари и е на 9. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан