• сабота, 08 март 2025

Јокиќ со нов историски настап во НБА лигата

Јокиќ со нов историски настап во НБА лигата

Денвер, 8 март 2025 (МИА) - Никола Јокиќ уште еднаш го воодушеви светот со нов НБА рекорд, досега невиден во историјата на лигата. Тој запиша 31 поен, 21 скок и 22 асистенции за Денвер и му донесе нов триумф против Феникс со 149:141 по продолжение.

-Мислам дека еден ден ќе го гледам ова од мојот кауч и ќе го гледам како некакво наследство што ќе остане таму кога ќе ја завршам кариерата. Сега кога имам натпревари секој втор ден, гледам само како да се одморам и закрепнам, изјави Јокиќ за рекордот по мечот.

Ниту на прес-конференцијата тој не зборуваше за ова достигнување на начин на кој веројатно сите ќе зборуваат.

-Што ќе им кажам на моите внуци? Ќе ги лажам дека статистиката не ме следела, дека сум имал повеќе од ова. Мислам, добра игра. Ќе ја паметам цел живот. Искрено, не знам што друго да кажам на оваа тема, заклучи српскиот кошаркар.

Следниот натпревар на Денвер е против Оклахома во недела. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан