• петок, 26 април 2024

Јокиќ се искачи на второто место во историјата на НБА по асистенции меѓу центрите

Јокиќ се искачи на второто место во историјата на НБА по асистенции меѓу центрите

Денвер, 11 април 2024 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ изби на второто место во историјата на НБА-лигата по асистенции меѓу играчите на неговата позиција.

Дваесет и деветгодишниот Србин има 4.650 асистенции во 672 натпревари, надминувајќи ги 4.643 на легендата на НБА Вилт Чембрлен во 1.045 натпревари.

На листата води членот на Куќата на славните од НБА, Карим Абдул-Џабар со 5.660 асистенции (во 1.560 натпревари).

Јокиќ е деветта година во НБА. Сезонава има просек од 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции за 34,6 минути. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан