• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плејофот, трет најдобар резултат во историјата

Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плејофот, трет најдобар резултат во историјата

Денвер, 22 април 2025 (МИА) – Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, забележа трипл-дабл во вториот натпревар од првото коло од НБА плејофот против Клиперс (102:105).

Србинот на натпреварот одигран во утринските часови имаше 26 поени, 12 скока и 10 асистенции. 

Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, трет најдобар резултат во историјата.

Резултатот во серијата Денвер – ЛА клиперс е 1:1 во трката прв до четири победи.

Повеќе од Јокиќ во оваа статистичка категорија имаат само Леброн Џејмс (Лејкерс, 28) и Меџик Џонсон (30). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан