• четврток, 16 мај 2024

Јован Митревски се очекува да биде предложен за претседател на Собранието, брифираат од СДСМ

Јован Митревски се очекува да биде предложен за претседател на Собранието, брифираат од СДСМ

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ.

Според партиските извори денеска додека траел состанокот на ДУИ Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.

-Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ, брифираат извори од владејачката партија. 

Претходно денеска Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет. ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан