Јоана Илиева освои историски златен медал на Светскиот куп во мечување во Пловдив
- Најдобрата бугарска мечувалка Јоана Илиева се закити со златен медал на Светскиот куп сабја за жени во Пловдив. Таа во финалето на натпреварувањето во салата „Колодрума“ со 15:13 поени ја совлада Италијанката, Кјара Мормил и со тоа првпат во историјата се искачи на највисокото скалило на подиумот во натпреварување од Светски куп
Пловдив, 26 јануари 2025 – Најдобрата бугарска мечувалка Јоана Илиева се закити со златен медал на Светскиот куп сабја за жени во Пловдив. Таа во финалето на натпреварувањето во салата „Колодрума“ со 15:13 поени ја совлада Италијанката, Кјара Мормил и со тоа првпат во историјата се искачи на највисокото скалило на подиумот во натпреварување од Светски куп.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Во финалниот дуел Мормиле, кој беше десетти носител, водеше со 10:8, но Илиева покажа карактер и направи пресврт на 14:13, па со решавачки напад го постигна конечниот успех.
Досега Бугарката има освоено два бронзени медали на турнири од сличен ранг.
На патот до златото, Илиева беше бескомпромисна и на секој меч постигнуваше решавачка победа. Таа започна со победа од 15:5 над Кинеската Јун Чен, а во следната рунда го надмина отпорот на Кели Лузињер од Франција со победа од 15:11. Илиева во осминафиналето ја совлада Шугар Батај од Унгарија со 15:8.
Во четвртфиналето следеше уште еден убедлив успех – над Кинеската, Ксинју Жанг со 15:10, а во битката за пласман во финалето најдобрата бугарска мечувалка не остави шанса на претставничката на Грција – Деспина Јоргиаду, совладувајќи ја со 15:8.
Другата Бугарка во елиминациите на турнирот – Олга Храмова се пласираше во осминафиналето на турнирот. Таа во првите две кола последователно го совлада отпорот на Јинг Фу (Кина) со 15:12 и Хјеон Јеонг (Република Кореја) со 15:14. Во осминафиналето Храмова водеше против Јапонката, Јуина Канеко со 13:11, но доживеа кикс и беше елиминирана од натпреварувањето.
На турнирот учествуваат 175 мечувалки од 32 земји, вклучувајќи и осум од најдобрите 10 на светската ранг-листа.
Во недела Светското првенство во Пловдив продолжува со екипни натпревари во машка и женска конкуренција, со очекувања уште еднаш за одличен настап на бугарските мечувалци.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.