• вторник, 24 декември 2024

Јоав Галант по нападот на ИДФ врз цел во Бејрут: Хезболах „ја премина црвената линија“

Јоав Галант по нападот на ИДФ врз цел во Бејрут: Хезболах „ја премина црвената линија“

Тел Авив, 30 јули 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска објави дека либанската вооружена група Хезболах „ја преминала црвената линија“, откако ИДФ изврши напад врз цел во јужниот дел од Бејрут.

„Хезболах ја премина црвената линија“, напиша Галант на Х, неколку минути откако израелската војска соопшти дека извршила напад насочен кон командант одговорен за ракетниот напад врз анексираната Голанска висорамнина во саботата, во кој загинаа 12 деца.

Силна експлозија одекна во јужниот дел од либанскиот главен град Бејрут, упориште на либанската вооружена група Хезболах.

Извор близок до либанскиот Хезболах изјави за француски медиуми дека во израелски напад е погодено нивно упориште во јужно предградие на Бејрут, неколку дена откако Израел соопшти дека ќе возврати на смртоносниот напад на анектираната Голанска Висорамнина, за кој е обвинета групата.

„Израел погоди јужно предградие на Бејрут“, рече изворот, барајќи анонимност.зш/

Остани поврзан