• вторник, 24 декември 2024

ЈКП „Стандард" остро реагира на несовесноста на дел од граѓаните при фрлање отпад

ЈКП „Стандард

Дебар, 10 јули 2023 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Стандард" остро реагираше на несовесноста на дел од граѓаните во однос на фрлањето отпад на несоодветно место.

-Ова е срам, мизерија, како инаку да се изразиме гледајќи го ниското ниво на свест кај некои луѓе во градот. Реагираме за да ја покажеме тешкотијата со која секој ден се соочуваат нашите екипи при извршување на својата задача, велат од управата на претпријатието. 

Тие на страната на Фејсбук објавија фотографии каде се гледа како станари од зграда во населба "Венец1" во контејнер фрлаат градежен отпад од реновирање на дел на станот. Дури контејнерот го имаат истуркаат до влезот на зградата.

-Сакаме уште еднаш да предупредиме дека со фрлање градежен отпад или други тврди предмети се предизвикува голема штета на нашата механизација за регулирање на оштетените делови потребни се дополнителни средства, додаваат од управата.

Апелираат да се почитува нивната работа и ѓубрето да се фрла на одреденото место за тоа.

Ги повикуваат надлежните органи да преземат мерки со изрекување заслужни казни.

-Не е никаква новина отпад да се фрла каде што ќе се стигне, но последниот ја прелеа чашата. Секојдневно нашите работници го подигаат сметот од контејнерите а редовно ги чистиме и дивите депонии, но за жал тие никнуваат како печурки по дожд. Несовесноста се гледа и во фактот што и покрај празни контејнери отпад се фрла до нив, револтирано посочуваат од ЈКП "Стандард".вт/свс/

Фото: ЈКП „Стандард“

Остани поврзан