ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите во моментот не е безбедна за пиење
- Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација.
Пехчево, 13 август 2025 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација.
Од претпријатието апелираат граѓаните да ја користат водата за готвење само по претходно превривање.
Од „Комуналец“ посочуваат дека се преземени сите потребни мерки за технолошки третман и дезинфекција на водата.
Повторно се земени мостри за анализа од акредитирана лабораторија, а јавноста ќе биде благовремено информирана по добивањето на новите резултати, се вели во соопштението од ЈКП Комуналец. вс/вј/
Фото: ЈКП Комуналец