ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад
- Возниот парк на ЈКП „Илинден” од општина Илинден има ново специјално возило за подигнување контејнери од 5.5 м3. Во наредниот период ќе се изврши набавка и на специјално возило за подигнување

Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Возниот парк на ЈКП „Илинден” од општина Илинден има ново специјално возило за подигнување контејнери од 5.5 м3. Во наредниот период ќе се изврши набавка и на специјално возило за подигнување на отпад од 5 м3.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото, истакнал дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на овие возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.
Како што соопштија од Општина Илинден, градоначалникот Георгиевски додал дека со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”. цр/сст/
