• петок, 22 ноември 2024

Јеремиќ: Бугарското вето за С Македонија е скандалозно и трагична порака за регионот

Јеремиќ: Бугарското вето за С Македонија е скандалозно и трагична порака за регионот
Белград, 17 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на српската опозициска Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека бугарското вето на патот на Северна Македонија кон ЕУ е „скандалозно“ и дека тоа може да има последици по европската интеграција на целиот регион и ја повика ЕУ да го поддржи јужниот сосед на Србија во тој процес, јави допсиникот на МИА од Белград. - Северна Македонија, заради ветувањето за европска иднина, на инсистирање на Грција, се согласи да го смени дури и името на земјата, а сега Бугарија бара од неа да се понижува со тоа што ќе се согласи со тврдењето дека нејзе има да и заблагодари за својот јазик и култура. Тоа е драматична порака што во голема мера може да ја релативизира европската мантра за добрососедски односи, изјави Јеремиќ на сесијата на Варшавскиот безбедносен форум „Стратешко ривалство? ЕУ, Русија и Кина на Западен Балкан “, што се одржа преку видео конференциска врска. Според Јеремиќ, сега противниците на европскиот пат на Србија би можеле да кажат „погледнете што им се случи на Македонците, кои поради Грција го сменија името на државата, за потоа да ги дочека уште постешко барање од Бугарија, така ќе ни се случи и нас ако заради ЕУ попуштиме на Косово и Метохија, ќе ни испостават нови барања во врска со Босна и Херцеговина“. Јеремиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Србија и претседател на Генералното собрание на ОН, оцени дека Србија е „заглавена на патот кон ЕУ“ и дека нема да има напредок додека на власт е Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС). - Србија денес е единствената земја во регионот што нема опозиција во Парламентот, а во Европа, таква состојба е уште само во Белорусија. Вучиќ има мнозинство од над 90 отсто пратеници во Парламентот, но за жал и понатаму добива честитки од некои европски лидери, кажа Јеремиќ. На прашањето дали Кина се обидува да го подели Стариот континент со својата иницијатива „17 плус еден“ кон земјите од Централна и Источна Европа, Јеремиќ одговори дека „геополитиката не е добротворна активност“. - Гледајќи од перспектива на Кина, полесно е да се имаат односи со одделни земји отколку со цела ЕУ и не треба да се обвинува Кина за тоа што така се однесува. На Европа е да направи контра-потег во таа партија шах и да покаже дека европскиот фронт е обединет. На Кина е да се обиде, а на Европа е да одговори, заклучи Јеремиќ. об/сп/

Остани поврзан