• петок, 22 ноември 2024

Јеменските Хути нападнале брод што плови во под грчко знаме

Јеменските Хути нападнале брод што плови во под грчко знаме

Атина, 19 февруари 2024 (МИА) – Товарен брод во американска сопственост што плови под грчко знаме бил на мета на напад со два проектили во близина на Јемен, без при тоа да биде повреден екипажот или да е предизвикана материјална штета, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите, јеменските Хути го нападнале бродот со два проектили кои завршиле во морето на оддалеченост од само 15 метри, а членовите на екипажот, вкупно 23 лица, од кои петмина се Грци, се во добра здравствена состојба.

Нападот се случил додека товарниот брод што пренесувал жито, пловел од Аргентина кон Јемен. ср/паг/

Остани поврзан